Во невремето коешто предизвика веројатно десетици торнада загинати се најмалку 21 лице а уште многу се повредени на југот и Средниот запад на САД, а продолжува да се движи кон истокот, пренесе ноќта кон неделата агенцијата Associated Press повикувајќи се на надлежните служби.
Вкупно осум сојузни држави пријавиле појави на торнада, кои уништиле домови и деловни објекти, собориле стебла и далноводи, разорувајќи цели населби во поширока област на САД.
Според одделните податоци што ги собрала агенцијата, седум жртви се во пријавен во една област во државата Тенеси, четири во гратчето Вин во Арканзас, три во Саливан во Индијана и четири во Илионоис.
Другите смртни случаи од невремето кои го погодија ноќта кон саботата споменатиот дел од САД се пријавени во државите Алабама и Мисисипи, вклучително и една во близина на местото Литл Рок во Арканзас, каде што властите известија дека повеќе од 2.600 зданија се нашле на патот на торнадото.
Медиумите известуваат за апокалиптични слики со урнати стебла и остатоци од ѕидови, прозорци, облека и други предмети домаќинства расфрлани по тревниците во Вин, заедница со околу 8.000 жители на 80 километри западно до тексашкиот град Мемфис, кои се разбудиле во саботата вчудовидени кога откриле дека покривот на тамошното средно училиште е целосно однесен, како и прозорците.
Сојузната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за силно невреме со бури за саботата попладне и ноќта по локално време за сојузните држави Њујорк и Пенсилванија, со налети на ветер до 105 километри на час. Дожд и ветер беа најавени во источно Охајо и делови од Западна Вирџинија, а силни ветрови со удари од 100 километри на час во главниот град Вашингтон.
Во државата Арканзас, во местото Литл Рок, градоначалникот Франк Скот на прес-конференција изјави дека во болниците се пренесени поради разни повреди триесетина лица. Новинарката од Литл Рок, Лара Фарад за агенцијата AFP известила дека торнадото носело „цели покриви од згради“. Во оваа сојузна држава без струја останале над 78.000 луѓе.
Торнадата, многу разорни метеоролошки појави кои тешко може да се предвидат, се чести во САД, особено во централните и јужните области на земјата. Минатата седмица торнадо мина низ државата Мисисипи, усмртувајќи 25 луѓе и предизвикувајќи голема материјална штета. Во врска со тоа во петокот областа ја посети претседателот Џо Бајден.
Во 2021 година повеќе торнада ја погодија сојузната држава Кентаки, и притоа загина речиси 80 жители.