Најмалку 24 мртви во судар на два камион со индиски мигрантски работници

(PTI Photo)(PTI16-05-2020)

Камион полн со работници мигранти кои патувале во своите одалечени места на живеењ се судрил со друг камион во сверна Индија во саботата утротот, при што загинале најмалку 24 лица, а 34 се повредени.

Несреќата се случила околу 3 часот утрото по локално време, а камионот се судрил со паркиран камион пред ресторан во општината Аураија во сојузната држава Утар Предеш, изјави локалниот функционер Абишек Синг Меена.

Работниците главно се од државите Бихар, Џарканд и Западен Бенгал. Во услови на карантин, запрен е целиот јавен превоз, така што мигрантските работници кои тргнаа кон своите домови често мораат да минуваат пешки големи растојанија. Стотици илјади луѓе низ Индија се движеа кон своите домови пешки од големите градови, откако ги загубија работните места поради карантинот со кој од крајот на март се прават обиди да се спречи ширењето на коронавирусот.

Индија воведе карантин за 1,3 милијарди жители пред речиси седум седмици, за да го сузбие ширењето на коронавирусот. Актуелната одредба за карантинот истекува утре, но се очекува дека премиерот Нарендра Моди ќе ја продолжи со одредени ублажувања. Поради тоа, загрозени се милиони Индијци кои зависат од работата далеку од своите родни места, главно во големите центри.

Од неодамна е зголемен вбројот на смртоносните инциденти на внатрешните мигранти кои се враќаат во своите родни места. Во четвртокот во Утар Прадеш загинаа осум работници, а 54 беа повредени во судир на автобус со камион со кој работниците патувале во нивната матична сојузна држава. Претходно шест работници загинаа во автобуска несреќа во Утар Прадеш, откако патувале во нивната родна држава Бихар од државата Пенџаб, кои се на оддалеченост од 1.200 километри. Минатиот петок најмалку 16 мигрантски работници загинаа во западната крајбрежна сојузна држава Махараштра, кога на нив налета воз додека оделе во своите родни села.