Најмалку 25 загинати во автобуска несреќа во Индија

Најмалку 25 луѓе ги загубиле животите кога автобус со аџии во неделата се урнал во клисура во Утараханд, планинската сојузна држава на северот на Индија,

Автобусот се случила кога автобусот со 28 аџии од централната индиска сојузна држава Мадја-Прадеш паднал во клисура на пат кој хиндуистичкиот свет град Јамунотри на Хималаи.

Огромен број аџии годинава се упатуваат кон неколку хималајски храмови, кои се дел од јатрата Чар Дам, бидејќи престанаа да важат епидемиските ограничувања поради коронавирусот од изминатите две години.

Во неделата припадници на полицијата и на Државната служба за итни случаи (SDRF) и натаму ја изведуваат спасувачката операција, пренесува порталот India Today.

Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изрази сочувство до семејствата на загинатите, информирајќи дека посмртните останки се пренесуваат во блиската болница.

Челникот на државата Утарканд, Пушкар Синг Дами, наредил истрага за инцидентот, и најави дека во текот на ноќта со главните соработници ќе замине на местото на несреќата.

Индискиот премиер Нарендра Моди изразувајќи сочувство најави исплата на отштета за семејствата на загинатите од 200.000 рупии, односно 2.500 американски долари, и 50.000 рупии, односно 644 долари за повредените.

Сообраќајните несреќи во Индија се многу чести, поради дотраената и лошо одржувана патна инфраструктура, како и поради лошо обучените возачи и непочитувањето на прописите во сообраќајот. Повеќе од 150.000 луѓе секоја година ги губат животите на патиштата ширум Индија. Животите често се губат во далечните, планински северни региони на Индија, каде што тесните патишта ги пресекуваат патеките во стрмните Хималајски подножја.