Најмалку 25 загинати во пожар на градилиште во Јужна Кореја

Во пожар кој денеска изби на градилиште во Јужна Кореја загинаа најмалку 25, а повредени се седум лица, објави државната новинска агенција Јонхап.

Сите жртви се работници кои граделе магацин во градот Ичеон, кој се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од Сеул.

Претставник на локалната пожарникарска служба истакна дека се уште не е утврден точниот број на загинатите и не ги потврди наводите на Јонхап.

Според првичните информации, причина за пожарот била експлозија која се случи додека работниците поставувале изолација со запалив материјал во подземниот дел на магацинот.