Најмалку 37 луѓе ги загубиле животите откако два автобуса и автомобил се судриле на североистокот од Нигерија во вторникот, соопштија тамошните власти.
Несреќата која што се случила во градот Џакана, во нигериската североисточна сојузна држава Борно, била резултат на пукнување на гума при пребрзо возење, соопшти локалната сообраќајна полиција. Ротими Аделеје, претставник на службата за патна безбедност на Нигерија, изјавил за медиумите дека повеќето од жртвите изгореле до непрепознатливост.
Утен Боју, секторски командант на Федералната служба за безбедност на патиштата во Борно, за медиумите изјавил дека автобусите се запалиле по сударот на патот Мајдагури – Даматуру. Според него, причината за трагедијата е пребрзото возење, и додал дека двата автобуса се движеле во спротивни насоки, но возачот на едниот од нив ја загубил контролата над возилото, излетал од својата лента и се забил во другиот.
Локалните власти соопштија дека во среда веднаш ќе се изврши масовниот погреб, бидејќи полицијата веќе добила судска наредба за тоа.
Масовните смртоносни сообраќајни несреќи, често се предизвикани од претовареност на возилата, лошите услови на патиштата и несовесното возење.