Најмалку 37 жртви во земјотресот што ги погоди Турција и Грција

Најмалки 35 луѓе загинале во силниот земјотрес кој во петокот го погоди турскиот град Измир, објавија во саботата попладнето турските власти, додека на грчкиот остров нема нови пријавени настрадени откако во петокот беа пријавени две жртви.

Мајка со три деца е спасена во саботата од по урнатините во кои била заробена речиси 18 часа. Едно од нејзините деца, за жал, починало во билница, соопшти турскиот минситер за здравство Фахретин Коџа кој од петокот се наоѓа во Измир.

Ова дете е 37-та жртва во земјотресот кој имал магнитуда од речиси 7 степени по Рихтер, според американскиот завод USGS. Досега во Турција се потврдени 35 загинати, а на Самос загинаа 17-годишни момче и девојче врз кои враќајќи се од училиште се урнал ѕид од куќа.

Градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, изјви дека според инфомрациите со роднини и блиски, утврдиле дека под урнатините има уште околу 180 лица. Во градот уништени се најмалку 20 згради, а бројот на повредени е околу 900 луѓе.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телевизиското обраќање до нацијата соопшти дека се повредени 885 лица, од кои 15 се во критична состојба, како и дека досега од под урнатините се извлечени повеќе од 100 луѓе.

Министерот за здравство, Фахретин Коџа, претходно во саботата рече дека 243 лица се хоспитализирани од кои осум се во критична состојба. Посочи дека во саботата е завршено пребарувањето по преживеани во осум згради, како и дека сѐ уште е во тек потрагата во девет урнати станбени објекти. Властите подигнале 300 шатори за жителите кои останале без своите домови, а најавија и подигнување на уште 600 шатори.