Во напад во католичка црква во нигериската сојузна држава Ондо во текот на неделната литургија на Педесетница, убиени се најмалку 50 луѓе а многумина се потврдени, пренесоа во неделата медицинските служби и локалните медиуми.
Лекар од болницата во Ову, град во споменатата југозападна нигериска сојузна држава, 345 километри источно од метрополата Лагос, за Reuters изјави дека досега во тамошниот медицински центар и во болницата на католичката црвка се довезени 50 тела на жртви.
Претседателот Мухамаду Бухари го осуди нападот, но засега не е познат идентитетот и мотивите на напаѓачите. Според него станува збор за „подол напад“ и „грозен чин“ кој можеле да го смислат само безумни луѓе.
„И покрај сѐ оваа земја никогаш нема да му се предаде на злото и насилството, а темнината никогаш нема да ја победи светлината. Нигерија на крајот ќе победи“, изјави претседателот Бухари, поранешен генерал кој дојде на власт со ветувањето дека ќе стави крај на повеќедецениската безбедносна криза во Нигерија и особено растечкиот бунт на исламистичките екстремисти.
Се стравува дека бројот на жртвите е поголем, според претставници на локалните власти. Видеата поставени на социјалните мрежи, за кои се чини дека се од местото на нападот, покажуваат верници во црква како лежат во локви крв, додека луѓе околу нив плачат.
Додека остатокот од Нигерија, речиси со по половично муслиманско и христијанско населени, беше зафатен од конфликтот меѓу земјоделците и сточарите, како и од џихадистичкиот бунт, сојузната држава Ондо важеше како една од најмирните во земјата.
Фунмилајо Ибукун Одунлами, портпарол на полицијата Одно, изјавил само дека во католичката црква „Свети Франциск“ во Ову се случил инцидент и додал дека наскоро ќе биде објавено подетално соопштение.
Најнаселената африканска земја изминатите децении е сцена на напади врз верски објекти и грабнувања од вооружени банди поради изнудување откуп. Но досега таквите напади се карактеристични за северозападот на земјата, додека таквите напади се реткост на југозападот на Нигерија.
„Ќе ги искористиме сите расположиви ресурси да ги фатиме напаѓачите и да ги изведеме пред правдата“, изјавил гувернерот на државата Ондо, Аракунрин Олуваротими Акердолу.