Најмалку девет жртви во експлозија во северна Индија

Најмалку девет луѓе ги загубиле животите во саботата на северот на Индија во експлозија и во пожарот кој уследил во хемиска фабрика, пренесе телевизијата NDTV за инцидентот во округот Хапур во сојузната држава Утар Прадеш.

Според информациите на телевизијата, локалните власти стравуваат дека во погоните зафатени од огнот може да има уште заробени работници во објектите на околу 60 километри од главниот град Њу Делхи.

Според весникот Hindustan Times, досега се пријавени најмалку 20 повредени лица, а на местото на несреќата сѐ уште работата пожарникари и спасувачи.

Според првичните сознанија, експлодирала постројка за загревање, а властите на Утар Прадеш најавија дека ќе бидат преземени остри мерки против одговорните за безбедноста на работниците и погоните.