Најмалку две лица загинаа во поплавите кои го погодија Тексас после тропската бура Имелда, а спасувачките екипи се обидуваат со чамци да стигнат до возачите чии автомобили се заглавени во водената стихија, како и до семејствата кои останале во своите куќи.
Градоначалникот на Хјустон Силвестер Танер изјави дека од синоќа поплавите почнале да се повлекуваат во поголемиот дел на градот.
Како што е соопштено, припадниците на полицијата постојано работат за да ги расчистат автопатите од напуштени возила поради поплавите.
Речиси 2.000 луѓе се евакуирани и спасени од поплавите.
Локалните медиуми јавија дека обилните дождови донеле поплави и во делови од југозападната американска држава Луизијана.