Најмалку една жртва во украинско гранатирање на руска територија

Најмалку едно лице го загубило животот а уште три други се ранети, а пријавени се и оштетувања на објекти во ракетирање од украинска територија врз селото Солохи во југозападната руска Белгородска област, соопштија во средата локалната власт.

„Имаше гранатирање од страна на Украина врз селото Солохи во Белгородската облас. Началникот на местото се наоѓа на местото на настанот. Тоа е најтешката ситуација во текот на сите гранатирања. Според потврдените информации, во моментов еден човек загинал, почонал во возилото на итната помош, а на три лица им е укажана неопходната помош“, објави на својот Telegram канал, челникот на регионот Вјачеслав Гладков.

Претходно Гладков објави дека една стганбена зграда е делумно уништена во гранатирањето. По инцидентот на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа чад од областа која била гранатирана, а според властите станува збор за запалена трска којашто расте покрај селото.

Југозападниот руски регион Белгород се граничи со регионит Дергачов и Харков од украинската страна на границата. Селото Сологи е оддалечено 11 километри од граничната линија.

Од почетокот на руската воена операција во Украина, бројни населби во југозападните региони на Русија Белгород, Брјанск и Курск се погодени од украинска страна.

Кон средината на април руското министерство за одбрана предупреди дека доколку продолжат нападите на украинската војска во врз цели во Русија, руските вооружени сили ќе ги целат командните и центрите во кои се носат одлуки во Украина,

„Гледаме обиди за диверзии и напади од страна на украинските војски врз објекти на територијата на Руската Федерација. Доколку таквите случаи продолжат, вооружените сили на Руската Федерација ќе ги нападнат центрите на одлучување, вклучително и во Киев, од што руската армија досега се воздржуваше“, објави тогап во соопштението руското министерство за одбрана.