Најмалку едно лице загина, две се водат како исчезнати а уште пет други се повредени во неделата во уривања во надозник во западна Грција, близу градот Патра, известуваат тамошните медиуми.
Грчката јавна телевизија ERT извести дека надвозникот се урнал во областа Харадрос, на влезот на обиколницата во Патра, којашто се гради веќе две години.
Структураа која попуштила е дел од двата моста „близнаци“, односно долги 167 и 169 во секој сообраќаен крак, што сепак преставувале приблем од аспект на соодветноста на конструкцијата. Работите на зајакнување се започнати во 2021 година и се проценуваат на повеќе од 6,5 милиони евра.
Според телевизиските извештаи, спасувачите од под урнатините на надвозникот во Парта слушнале гласови, а во операцијата на трагање и спасување на преживеаните се користи и дрон.
За денеска било предидено контролирано уривање на дел од влезната конструкција на обиколницата во Патра, но под мостот останале пет до шест лица. Се претпоставува дека станува збор за локални Роми кои таму дошле да ги собират остатоците од металните конструкции.
Шефот на службата за планирање и заштита од земјотрес, Ефтимиос Лекас изјави дека несреќата се случила при уривањето.