Најмалку осум пациенти со Covid-19 загинаа во пожар во болница во Турција

Осум лица денеска загинаа во пожар што избувнал на Оддел за интензивна нега на кој се лекувале пациенти со коронавирус , во приватна болница на југот на Турција, јавија турските државни медиуми.

Агенцијата Anadolu  информира дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во Одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.

Агенцијата наведува дека жртвите биле на возраст меѓу 56 и 85 години и дека 14 пациенти се пренесени во други болници.

Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за случајот е во тек.

Досега во Турција од коронавирус се заразени 1,98 милиони лица, а умреле