Осум лица загинале а уште шест други се ранети во напад на припадниците на радикалното исламистичко движење Талибан врз контролни пунктови во северната авганистанска покраина Тахар, пренесуваат медиумите повикувајќи се на локалните власти.
Агенцијата Xinhua го цитира портпаролот на покраинскиот гувернер, Мохамед Џавад Хиџри, кој изјавил дека координираниот напад бил извршен ноќта кон саботата. Според него, загинале шест припадници на авганистанските безбедносни сили, а како резултат на погодок на минофрлачка граната во станбен објект загинале и двајца цивили, и уште двајца биле ранети.
Станува збор за последниот во серијата талибански напад, во моментите кога специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмај Клализад, претходно седмицава изјави дека „во принцип“ е финализиран договорт меѓу милитантите и Вашингтон по речиси една година водените мировни преговори во катарската престолнина Доха. Калилза имаше средба со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и негови високи функционери во Кабул за да побара поддршка за договорот кој треба да биде објавен наскоро, според официјални претставници на САД.
Талибаните, кои во моментов контролираа или имаат влијание во повеќе од половината од териотирјата на Авганистан што е повеќе отколку пред американската инвазија во 2001 година, не ја признаваат владата во Кабул. Според нивни претставници, можниот договор вклучува и графикон за повлекување на преостанатите странски сили, за кој западните сили сметаат дека може да трае околу 16 месеци.
Но повеќето Авганистанци се скептични дека договорот со САД ќе стави крај на насилството во нивната земја и се загрижени дека напротив, ќе дојде до зајакнување на споменатата милитантна групација. Петгодишното владеење на талибаните врз најмалку три четвртини од Авганистан беше завршено со инвазијта на САД во 2001 година, што се претвори во најдолгата американска војна и 18 години подоцна Вашингтон побара примирје со милитантите. Талибаните досега го отфлраа предлогот да го положат оружјето и натемо тоа ги повикуваат САД да ги повлечаст вооружените сили од Авганистан. Инсистираат, исто така, дека разговорите може да продолжат само доколку странските сили ја напуштат земјата.