Најмалку осум лица загинале а уште десетици други се тешко повредени кога масивна карпа се урнала врз туристички моторни чамци под водопад во југоисточен Бразил во саботата, пренесуваат во неделата ликалните медиуми повикувајќи се на противпожарната служба.
Во неделата продолжува операцијата на пребарување и спасување на местото на трагедијата во која се ангажирани 40 нуркачи и спасувачи. Според нивните процени најмалку две лица се водат како исчезнати. Уште 23 лица се здобиле со полесни набиеници, девет се згрижени во медицински установи со различна тежина на повредите.
Дел од масивна карпа се урнал во саботата врз три туристички чамци во кањон во близина на градот Капитолу во бразилската сојузна држава Минас Жераис. Во тој момент на пловилата имало 34 лица.
Според портпаролот на спасувачката служба на државата Минас Жераис, Педро Аихар, уривањето на силно еродираните карпи го предизвикле обилните дождови во регионот изминатите денови. Предупредил дека не е исклучено натамошно уништувања на придорниот пејзаж. Во истрагата за инцидентот е вклучена и бразилската морнарица.