Најмалку осуммина загинати од минофрлачки напад во Кабул

Околу 23 минофрлачки гранати погодија различни делови на Кабул рано утрово, при што загинаа најмалку осум лица, а 31 се ранети, изјави официјалното лице.

Гранатите врз главниот град на Авганистан биле истрелани од два автомобила, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, чија цел бил дипломатскиот кварт Вазир Акбар Кан во Кабул.

Талибанците наскоро издале соопштение во кое негираат каква било одговорност за нападот. Исламската држава ја презеде одговорноста за неодамнешните напади во Кабул, вклучително и два разорни напади врз образовни институции во кои загинаа повеќе од 50 лица, повеќето ученици.

Непосредно пред минофрлачкиот напад, експлодира автомобил-бомба, при што загина припадник на безбедносната служба, а ранети се уште тројца.

Филијалата на Исламската држава во Авганистан објави војна на авганистанското шиитско малцинство и организира десетици напади откако се појави во 2014 година.

Насилството во Авганистан не се смирува, иако во тек се разговори меѓу талибанците и владините претставници за воспоставување мировен договор со кој ќе се стави крај на војната по повеќе од четири децении. Преговорите во Катар се одвиваат многу бавно и покрај повеќекратните повици за намалување на насилството.