Најмалку пет работници загинале во експлозија во фабрика за ракети и експлозиви во предградието на Анкара, соопшти турското Министерство за одбрана во саботата.
„Дојде до експлозија во ракетната фабрија МКЕ во областа Елмадаг во Анкара. Петмина наши работници загинаа како резултат на експлозијата. Покрената е судска и административна истрага“, соопшти турското министерство.
Причината за експлозијата сѐ уште не е позната. На местото на експлозијата биле упатени повеќе санитетски возила.
Според инфомрациите на телевизијата A Haber, на местото на инцидентот избувнал пожар, но стихијата била ставена под контрила од страна на тимовите на противпожарната служба.