Мавровчани не можеле повеќе да ја чекаат државата да интервенира и сами ја исчистиле црквата „Свети Никола“ во Мавровското Езеро, која долги години беше потопена. Иако долго време беше запуштена, црквата сега го враќа сјајот бидејќи езерото се повлекува.
„Се фатија група мавровчани и го направија ова сами, исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средија. Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК. Алал да им е“, стои во твитот кој се споделува на социјалните мрежи.
Маврово
Потопената црква состојба пред година дена и денес
МПЦ не заинтересирани
Општина истоСе фатија група Мавровчани и го направија ова сами
исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средиа
Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК
Алал да им е 🤗🤗🤗 pic.twitter.com/7zBv6xf7dq
— Нешо 🇲🇰’s (@nesosk) September 12, 2021
Црквата „Св. Никола“ во Маврово е вистинска туристичка атракција, а изградена била во 1850 година.
Но, со изградбата на Мавровското Езеро, се потопиле многу делови од старите села кои се наоѓале таму, вклучувајќи ја и старата црква.
Еве како изгледаше црквата претходно.
А еве како изгледа откако мавровчани ја исчистија.
фото: Твитер