Народот врие, преку глава му е од неправди, слобода за Уставобранителите! Нема ден да нема скандали и криминал. Владата на Заев е најнеспособната влада до сега, и тој владее само со шиканирање, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Вчера илјадници луѓе излегоа и кажаа НЕ за неправдите на Заев. Народот е незадоволен додека криминалци се на власт, народ лежи во затвор затоа што го бранел Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори заедно со народот за исправање на сите неправди, и одговорност за секој, без разлика за кого се работи. Даваме целосна поддршка за Уставобранителите, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека потребно е случајот повторно да се отвори и неправедно осудените да добијат шанса да ја докажат својата невиност.
-Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Не смееме да толерираме неправди, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.