На навивачите на Марсеј забрането патувањето на дербито, навивачите на ПСЖ штрајкуваат

На навивачите на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј забрането им е заминувањето во недела на дерби натпреварот од 32-то коло на домашното првенство против моментално првопласираната екипа на Пари Сен Жермен.

Француското министерство за внатрешни работи им забрани на навивачите од Марсеј да допатуваат во Париз, за да се избегнат можните безредија на овие два големи ривала. Одлуката е донесена поради „непријателството“ и „силниот антагонизам“ меѓу навивачите на двата клуба, се наведува во соопштението.

Последниот дуел меѓу Марсеј и ПСЖ со присуство на навивачите на двата клуба е одогран во гевруари 2018 година и тогаш во навивачките дивеења беа повредени осум полицајци.

ПСЖ води на табелата со 71 бод, 12 повеќе од второпласираниот Марсеј.

И додека на навивачите им е забрането доаѓањето во француската престолнина, најжестоките навивачи на ПСЖ го продолжуваат штрајкот до крајот на сезоната. Разочарани се од игрите на „париските ѕвезди“, и затоа до крајот на сезоната нема да ги бодрат играчите.

Истовремено забрането е и доаѓањето на навивачите на Ланс во 33 километри оддалечениот Лил на саботното „дерби на Северот“.

Сезонава на француските стадиони имаше многу инциденти, поради што клубовите беа казнети. Навивачки инциденти беа забележани на натпреварите Лион – Марсеј, Монпелје – Марсеј, Нива – Марсеј, Анже – Марсеј, Ланс – Лил, Сен Етјен – Лион….