На нелегален протест во Москва приведени 317 демонстранти

Полицијата на руската престолнина во саботата пред и во текот на одржувањето на протестот на опоициска групација во центарот на Москва,привела 317 лица, соопштија градските власти.

На протестот, според извештајот на московската полиција, излегел 3.500 луѓе, од кои 700 биле новинари и блогери кои за своето учество во недозволениот протест претходно ги информирале властите.

Слабата и разединета руска опозиција претходно го најави протестот пред градскиот совет на Москва, кој властите ги прогласија за нелегален. Според рускиот закон, локацијата и времето на одржувањето на ваквите протести треба да бидат однапред договорени со властите со процена на бројот на учесниците, што според Reuters не било случај со денешниот протест.

Протестите, како што објасниле за агенцијата припадници на опозицијата, се одржувале поради според нив неправедното исклучување на нивните кандидати од учеството на локалните избори во Москва кои треба да се одржат на 8-ми септември. Московските власти тврдат дека на кандидатите им е оневозможено да учествуваат на изборите, бидејќи не собрале доволно валидни потписи од граѓните за поддрошка на нивните кандидатури, што опозицијата го негора.

Во средата контроверзниот опозиционер кој постојано ги критикува политиките на Кремљ, Александар Навални, кој и повика на одржување на протестит, му беше одреден притвор во траење од 30 дена. Неговиот соработник Иљ Јашпин, опозициоонерот Кир Јармиш, неговата портпаролка и други активисти на социјалните мрежу утрото во саботата објавија дека и тие биле приведени.

Истовтремено, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, на социјалните мрежи предупреди дека градските власти ќе реагираат „многу решително“, за да се гарантира јавниот ред и мир на жителите на руската престолнина. Истакнаува, исто така, дека според информацијата со кои располага полицијата, демонстрантиет се подготвувале за сериозни провокации кои претставуваат закана за безбедноста, животите и здравјето на луѓето.

„Обидите за поставување ултиматуми и предизвикување безредија нема да разултираат со ништо добро. Во градот ќе го одржиме редот“, порачува Собјанин.

Во извештајот на Reuters се наведува дека во центарот на Москва пред одржувањето на протестот било забележливо засиленото присуство на полицијата. Според невладините групи, главно финансисрани од странски фондации, на протестот се собрале „повеќе илјади луѓе“, но изостанува прецизирање на приближната бројка.