На Пиоли му го вратија шампионскиот медал

Слушната е молбата на тренорот на новиот италијански фудбалски шампион Милан, Стефано Пиоли, да му биде вратен освоениот златен медал кој му беше украден во текот на славеничката вечер во неделата.

Педесет игодишниот Пиоли, кого многумина го сметаат најзалсужен што Милан изненадувачки годинава го освои „скудетото“, 19-то во клупксата историја но прво за „Росонерите“ по 2011 година, се пожали дека по победата во Реџо Емилија над Сасуоло со 3:0 во текот на славењето му бил украден медалот. Преку медиумите замоли да му биде вратен, бидејќи тој е „единствениот што го има“.

Италијанската полиција потоа започна акција и го пронашла навивачот кој го „оттуѓил“ медалот, бидејќи на Instagram објавил своја фотографија со медалит со пораката „благодарам Пиоли“.