
Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) во Турција е нападнат додека присуствувал на погребот на војник, кој загинал во борбите против припадниците на забранетата Курдска работничка партија (PKK).
На видео снимки се гледа како Кемал Киличдароглу е удрен најмалку двапати, а обезбедувањето се обидува да го извлече од насобраниот народ. Тој успеал да го напушти местото и да влезе во најблиската куќа. Гневните граѓани потоа се собрале пред куќата извикувајќи „Надвор ПКК“.
Сите се исплашивме поради инцидентот. Кемал Киличдароглу е добро. Однесен е на безбедно, истакна републиканскиот пратеник Левент Гок за локалните медиуми.
Републиканската народна партија победи на изборите во Анкара и Истанбул.
Нападот го осудија и претседателот на турскиот парламент како и владејачката Партија на правото и развојот (AKP) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, за која овој инцедент претставува провокација.