На полувреме Македонија – Косово 2-1

На полувреме Македонија има предност од 2:1 во историскиот меч над Косово. Автогол, па евтино примен гол, и втор гол по прекин за нашата селекција и предност во првиот дел. Можеби играта не е онаква каква што посакуваме, но важно е што имаме предност.

Македонија почна со 3-5-2, со офанзивни крила и два шпица, а Косово со 4-2-3-1. И гостите ја имаа иницијативата, беа повеќе со топката, а нашите како да чекаа шанса да тгнат кон голот.

Првата радост на Македонија се случи во 16. минута. Акцијата од левата страна преку Несторовски и Пандев, се префрли на средината кон Адеми, па на десната кон Ристовски, удар лош, но Кололи ја закачи таа топка и си постигна автогол.

По голот требаше да ги имаме нештата во своите нозе. Чекавме нова шанса, но наместо тоа дозволивме евтин гол. Хадерѓонај од 30 метри го лобуваше истрчаниот Димитриевски.

Важно беше после овој евтин гол да се вратиме психолошки, па потоа да бркаме втор гол, но истиот дојде брзо. Четири минути подоцна Барди со прекрасен центаршут до Велковски кој со глава го совлада Мурич за водство.

Водството успеавме да го задржиме до крајот, но не смееме многу да им дозволиме на Косовците, затоа што покажаа дека можат да бидат опасни.