На производителите на месо во Германија им е забрането да вработуваат хонорарци

Од овој април дури и германските производители на месо не смеат да вработуваат работници со скратено работно време.

Досега тоа правило важеше само за локалните кланици кои од 2021 година не смеат да вработуваат хонорарци, а сега на ред се и производителите на месо. За ова е потребен нов закон кој треба да ги обезбеди правата на работниците во месната индустрија. додека синдикатите се задоволни, фирмите огорчени, пишува Тпортал.

Фирмите се обидуваат да го спречат најлошото со ангажирање работници со договори на неопределено време, но трпат огромни загуби. Производителите стравуваат дека ќе има таков пораст на трошоците што евентуално ќе мора да се зголеми и цената на финалните производи.

Стравуваат дека купувачите потоа ќе се свртат кон поевтини производи од странство, чиј пазарен удел веќе е зголемен за 20 проценти во последните три години. Од друга страна, многумина сметаат дека работата во месната индустрија треба да се регулира по моделот на угостителството, за да не се експлоатираат вработените и да не бидат недоволно платени за работата што ја работат.