На Самитот за демократија на Бајден, не се поканети Кина, Русија и БиХ

Над 100 земји ќе учествуваат на дводневниот виртуелен „Самит за демократија“, што денеска го организира американскиот претседател Џо Бајден.

Русија и Кина не се поканети на самитот. Од шесте држави на Западен Балкан на виртуелната средба не е поканета само Босна и Херцеговина. Меѓу учесниците има претставници на САД, Словачка, Молдавија, Романија, Гана, Нов Зеланд, Шведска, Литванија и Латвија. Предвидено е учество на лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановска.

Како што претходно најави американскиот Стејт департмент, учесниците на самитот, вклучувајќи ги и претставниците на граѓанското општество и приватниот сектор, ќе работат на агендата за обновување на демократијата во светот и ќе разговараат за начините за справување со најголемите закани за демократијата.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на самитот.