Најсмртоносниот ден во Франција, минат прагот од 3.000 жртви од коронавирусот

Во понеделникот во Франција е мината границата од 3.000 починати од коронавирусот со 418 смртни исходи само во последните 24 часа, најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата во земјата, соопшти владата.

Бројот на починатите од 1-ви март скокнал за 16 отсто, на 3.024 починати, а бројот на пациентите сместени на одделите за интензивна нега се зголемил за повеќе од 10 отсто на 5.107 пациенти по двата дена пад.

Вкупниот број хоспитализирани изнесува речиси 21.000 во понеделникот, или 1.592 пациенти повеќе отколку во неделата, меѓу кои голем е приливот на тешки случаи ставени на уреди за реанимација – 424 лица, каде што досега се примени 5.056 пациенти.

Генералниот секретар на француските здравствени служби DGS, Жером Саломон, објави значително поголем број од 5.107 хоспитализирани пациенти на реанимација, или 75 повеќе во последните 24 часа.

„Станува збор за пациенти со респораторни проблеми или коишто патат од некое друго заболување“, прецизираше Саломон. Додаде дека меѓу овие пациенти 34 отсто се помлади од 60 години, а 64 заболени имаат помалку од 30 години.

Истакна дека „од почетокто на епидемијата во Франција вкупно 44.550 луѓе се заразиле со коронавирусот“.

Во парискиот департман Ил-де-Франс, кој е сега најпогодената и го очекува врвот на епидемијата оваа седмица, има 954 починати во болниците, или зголемување за 147 лица, и 1.702 пациенти на реанимација, што е раст за 124 лица. Хоспитализирани се 597 лица, кои сега во регионот ги има вкупно 7.689 пациенти.

Претходно најмногу погодената покраина Гран Ест забелажала до понеделникот вечерт 3.950 хоспитализирани, од кои 844 пациенти се на реанимација и 919 луѓе починати во болниците.