На Србија и се закануваат маларија и западнонилска треска

Први случаи на дијареа и висока температура регистрирани во Србија.

Причините за ова се лошите хигиенски услови и недостигот на чиста вода.

Во одделни времени центри за сместување има вошки и красти, а епидемиолозите предупредуваат дека постои можност за појава на многу болести по поплавите.

Најголема закана се болести што се пренесуваат од комарци, кои, според ситуацијата на теренот, годинава ќе бидат во голем број, наведува весникот.

Нема да биде необично ако во Србија се појават случаи на маларија, денга и западнонилска треска. Стаорците, кои сега се спуштаат во населените места во потрага по храна, носат закана од лептоспироза и хеморагична треска, предупредуваат епидемиолозитe.