На Србија ќе бидат потребни најмалку осум години за да стане членка на Европската унија, изјавил европратеникот Едвард Кукан, пренесува „РТВ“.
Според зборовите на Кукан сите напори треба да бидат насочени кон продолжување на успешниот процес на евроинтеграција.
Кукан вели дека земјата треба доста внимателно да анализира кои се нејзините интереси и да се бори за нив, а ако смета дека е во право не треба да го прифати сето она што и се нуди во преговорите за членство.
Едвард Кукан е претседател на делегацијата на ЕП за односи со Србија.