На стадионот на Јуве во среда забранет влезот за навивачи од три италијански региона

Италијанскиот фудбалски првак Јувентус објави во понеделникот дека на навивачите од регионите Ломбардија, Емилија Ромања и Венето нема да им биде дозволен влез на стадионот во среда како во Торино ќе се игра реванш дуелот од полуфиналето на националниот куп меѓу Јувентус и Милан.

Од Јувентус објавија дека ваквата одлука ја донеле во согласноста со неделната препорака на италијанската фудбалска асоцијација, која со цел да го превенира ширењето на инфекцијата со коронавирус забрани организирано движње на навивачите од споменатите три региона, кои се жариште на ширењето на Covid-19 во Италија.

Сите лица кои ќе дојдат на стадионот со влезницата за мечот ќе мора да покажат и документ во кој е наведено местото на нивниот престој.

Првиот полуфинале дуел меѓу Милан и Јувентус пред три седмици заврши без победник со резултат 1:1.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Наполи и Интер, кои својот реванш меч треба да го играат во четврток во Неапол.