Не е реткост по прељубата да заладат и односите во постелата. Жените често ги казнуваат прељубниците така што им ја ускратуваат интимата, што е посебно изразено кај оние што и претходно го користеле сексот како оружје. Во овој случај, двојката мора да работи на враќање на загубената доверба и блискост. За тоа понекогаш е потребно подолго време, па мора да бидете трпеливи.
Деца во брачната постела
Кога еднаш ќе ги пуштите децата во вашата постела, речете му збогум на сексот. Затоа што секоја двојка што има деца, знае колку е тешко да се најде време и сила за акробации во постелата. Единствена шанса ви е кога ќе испратите децата во кревет, но во нивниот кревет. Истото важи и за домашните миленичиња на кои местото не им е во спалната соба.
Помалку труд околу изгледот
Таа повеќе не се депилира, а секси облеката ја замени со удобната памучна долна облека, на која и Бриџит Џонс би можела да и завиди. Тој го пушти стомакот, а заборави и на хигиенските навики. И тој и таа се прашуваат каде е онаа секси личност од која неможеле да го тргнат погледот на почетокот, а ниту пак рацете. Тука е, само треба да ја откриете и повторно да почнете да ја заведувате. Така ќе ја наведете и неа да го направи истото.