На Табановце се чека 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 30 – 45 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Виадукт Трејд известува дека на ден 24.08.2021 година (вторник) во период од 10:00 до 16:00 часот, ќе важи времена измена на режимот на сообраќај, во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.