На Табановце уапсен српски државјанин баран од Интерпол

Синоќа на граничниот премин „Табановце“ е уапсен српски државјанин кој бил баран од Интерпол. Станува збор за А.Р. (37) од Република Србија кој се наоѓал на „Стоп“ листата по барање на канцеларијата на Интерпол од Швајцарија. Откако бил уапсен им бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.