На терен во Хрватска почина млад фудбалер

Младиот првотимец на хрватскиот фудбалски нисколигаш Оток, 24-годишниот Дејан Оршуш, починал од последици на срцев удар во болницата во чаковец, откако му се слошило во текот на првенственствен натпревар во Втората жупаниска лига против Раднички, соопшти во понеделникот Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS).

И покрај брзата реакција на соиграчите и противничките играчи, медицинскиот персонал кој се трудел да го реанимира 25 минути на самиот терен, односно дополнителните напори на лекарите во Жупаниската болница во Чаковец, потврдена е смртта на младиот маж кој оставил зад себе сопруга во петтиот месец од бременоста и дете.

„Ти благодариме за сите убави заеднички моменти коишто ги мина со нас. Ти благодариме за секој кажан виц и подигнување на атмосферата пред натпреварите. Ти благодариме што беше дел од нашата екипа. Искрено сочувство за семејството и пријателите“, објави клубот.