На новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир му беа потребни неколку дена за да свати дека ќе испадне најголем губитник доколку се реализира веќе најавената размена на фудбалери.
Познатиот бизнисмен од Индонезија се предомисли и не го прифати предлогот на Јувентус, колумбискиот интернационалец Фреди Гуарин од Милано да се пресели во Торино, а во обратната насока да се упати репрезентативецот на Црна Гора, Мирко Вучиниќ.
„Откако поразговарав со моите најблиски соработници, со Масимо Морати и со неговиот син Анџеломарио, јас донесов одлука дека под итно ќе бидат прекинати преговорите со Јувентус. Дојдов до заклучок дека е невозможно да постигнеме некаков договор од кој двте страни ќе бидат задоволни. Интер немаше да добие некава финансиски бенифит од реализацијата на овој трансфер. Јас веќе го информирав нашиот спортски директор да пронајде неколку нови фудбалери, кои би биле ангажирани за време на зимскиот преоден рок и со кои Интер ќе добие уште повеќе на квалитет. Нормално дека Интер и понатаму ќе го почитува и ќе го применува Финансискиот Фер Плеј,“ изјави новиот сопственик на Интер.