На трети декември 1926 година мистериозно исчезна славната Агата Кристи

На 3 декември 1926 година мистериозно исчезна славната крими писателка Агата Кристи. Таа била исчезната 11 дена, а нејзиниот автомобил бил пронајден со нејзината истечена возачка дозвола и облеката.

Исчезнувањето предизвикало голем интерес во јавноста, полицијата понудила награда од 100 фунти за каква било информација. Над 1.000 полицајци, 15.000 волонтери и неколку авиони го пребарувале руралното место во Њулендс Корнер. Исчезнувањето на Кристи било на насловната страница на Њујорк Тајмс.

Била пронајдена по 10 дена, на 14 декември 1926 година во хотел во Јоркшир, пријавена под презимето на љубовницата на нејзиниот сопруг.

Да не беше таа, светот ќе беше посиромашен бидејќи ќе го немавме Херкул Поаро, детективскиот херој со мустаќи и очила, по малку смешен, но секогаш непогрешлив во решавањето на случаите и откривањето на злосторниците. Покрај тоа, нејзините дела, заедно со оние на Шекспир, се најпродаваните книги во целиот свет. Секако станува збор за најпознатата писателка на криминалистички романи Агата Кристи.

Таа почина на 12 јануари 1976 година, во 86 година од животот.