На Твитер објавени телефонските броеви на пратениците од власта

Се вжештува атмосферата во јавност но и на социјалните мрежи на ден пред францускиот предлог да се најде пред пратениците. На Твитер се појави фотографија со телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и нивната коалиција.

Насловот над фотографијата е – Порачајте им да не го предаваат народот.

Зад објавата на „Твитер“ не стои име, но затоа е напишана прорака „Порачајте им да не го предаваат народот“, со која се сугерира дека треба да им се ѕвони на нивните броеви и лично да им се изврши притисок да гласаат против заклучоци со кои и се отвори можност на Владата да го прифати „францускиот предлог“.

Од скопското Обвинителство велат дека ги следат информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности.

Иако се дел од владината коалиција, ги нема телефонските броеви на пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС кои деновиве јавно изразија несогласување со делови на францускиот предлог и доставија предлог – заклучоци за негово дополнување до Собранието.