Унгарската полиција во текот на викендот открила тунел под оградата од жица на унгарско-српската граница, и во одвоени акции спречила илегално влегвуае на повеќе од 300 мигранти, пренесе во понеделникот Радио-телевизија на Србија (РТС)/
Тунелот долг 24 метри откриен е во соработка со вијслата во близина на унгарското место Морахалом, а се верува дека служел за илегално влегување на мигрантите во Унгарија, поради заминување во западна Европа. Ова е трет подземен премин под оградата откривен во последната година во истиот регион.
Граничната полиција уапсила 54 лица кои се обидувале да ја прескокнат или пресечат жичената ограда на унгарско српската граница а истовремено 258 мигранти се фатени во пограничната зона без никакви документи. Меѓу нив најмногу се изјасниле како Сиријци, но има и државјанина на Ирак, Иран, Авганистан и Палестинци.
Унгарија од крајот на мај бележи голем раст на бројот на мигрантите кои се обидуваат илегално да влезат во земјите на Еввропската унија, а само минатата седмица се регистрирани речиси 900 обиди за нелегално минување на границата.
Властите во Будимпешта повторуваат дека Унгарија нема да ја отстрани оградата на границата кон Србија, туку ќе ја зајакне одбраната на Шенгенската зона за да им го оневозможи на мигрантите илегалното влегување на територијата на ЕУ.
Освен на северот на Војводина, обидите за илегално минување на границата се регистрираат и на југозападот од оваа српска покраина, во српско-хрватската погранична област. Од средината на мај во околината на местото Шид распоредени се и припадници на специјалната и на воената полиција, како што соопшти тогаш Белград, поради заштите на локалното население кое се жалеше на мигрантите.