На Венеција ѝ се заканува нова поплава, невремето продолжува во Италија

ANSA/FABIO MURRU

Венеција во неделата е под нови закани од нова поплава, додека невремето, силниот ветер и одроните продолжија во поголемиот дел од Италија.

Нивото на морето утрото околу 10 часот се искачи на 120 сантиметри, што е пониско од метеоролошките прогнози за Венеција коишто најавуваа меѓу 130 и 140 сантиметри. Градот сместен во лагуната закрепнува од невообичаената „аква алта“ од 187 сантимери кој ја погоди Венеција на 12-ти ноември, а беше највисокото ниво во последните 53 години и предизвика непроценлива штета.

Плоштадот и Базиликата на свети Марко, една од главните знаменитости на Венеција, особено настрадаа. Плочите на плоштадот беа оштедени и ќе мора да бидат проме нети, пишува локалниот весник La Nuova Venezia.

Поплавите ги исплашија и туристите. Здружението на венецијанските хотелиери во петокот соопшти дека бележи рекорден број откажувања, но истакнува дека градот и натаму е безбеден за туристите.

Во другите делови на Италија од саботата три лица загинаа во невремето.

Во Фурланија-Јулиската краина, на североистокот од земјата, маж во автомобил го однел поројот додека возел по поплавен пат кој бил затворен за сообраќај. Во Фиренцуола, близу Фиренца, мажи на мотоцикл загинал кога паднал во реката. Телото му е најдено неколку километри од местото на несреќата. Во Напол маж загинал кога на него се урнало дрво.