Највисока температура на земјата од 54,4 степени измерени во Калифорнија

Највисоката температура на земјата, измерена во неделата во Националениот парк „Долина на смртта„ во Калифорнија изнесува 130 Фаренхајтови степени или 54,4 Целзиусови.

Температурата е потврдена и од американскиот Национален метеоролошки институт, пренесува „Би-Би-Си“.

Минатата недела западниот брег во САД го зафати топлотен бран со пеколни температури, кои неделава се очекува и да растат.

Ваквиот пораст на температурите доведе до дводневни прекини во електродистрибутивната мрежа во Калифорнија.