На Вучиќ му е врачен документ за признавање на Косово, пишува српски „Блиц“

Неофицијално, на почетокот на средбата со претставниците на Косово во Белата куќа, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му бил врачен документ, на кој тој треба да се потпише и Србија да го признае независно Косово, пишува српски „Блиц“.

„Сè било подготвено однапред, Албанците знаеле сè“, вели изворот на „Блиц“ од дипломатските кругови во Вашингтон.

Српскиот портал не успеал да стапи во контакт со никого од делегацијата на претседателот на Србија, за да добие потврда за оваа информација.4