На Заев ќе му се суди за „Пуч“

На Заев ќе му се суди за „Пуч“

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на поранешниот  директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски и на другите обвинети ќе им се суди за случајот „Пуч“, реши денеска Основниот суд Скопје 1.

„Советот во одлучувањето утврди дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени во Кривичниот законик и приложени се докази во прилог на обвинението. Воедно советот имаше предвид и дека одбраната поднесе обемна листа на докази, а усното образложение на приговорите претставува и делумна одбрана на обвинетите што за советот претставува уште еден аргумент во прилог на одлуката да се закаже јавна, главна и усна расправа на која во контрадикторна постапка ќе се решаваат прашања што се предмет на испитување и оцена на главна расправа. По распоредување на обвинителниот акт кај надлежен судија за постапување ќе биде закажан термин за главна расправа за која јавноста ќе биде благовремено информирана“, пишува во соопштението на судот.

Во случајот „Пуч“ обвинетите се товарат за шпионажа, неовластено снимање и насилство спрема највисоки државни органи.