Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ќе учествува во вторникот на 178-то заседание на воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови, кое се оддржува во седиштето на НАТО во Брисел.
На заседанието, генералот Величковски ќе учествува на првите две сесии во формат на началници на генералштабови на земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ и земјите-партнери на НАТО на кои ќе има свое обраќање.
Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови заседава двапати годишно со цел разгледување на актуелните мисии и операции на НАТО, како и обезбедување на воени совети на Алијансата при справување со глобалните безбедносни предизвици.
На едно од годишните заседанија учествуваат и партнерските нации на НАТО и учесниците во мировната мисија во Авганистан.