Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на редовнaта конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за Алијансата.
За време на престојот во Брисел, генералот Ѓурчиновски ќе го посети военото претставништво на Република Северна Македонија во SHAPE, Монс каде ќе оствари средби и со нашите претставници во мисијата, соопшти ГШ на Армијата.