![lugje narod vo dvizenje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/lugje-narod-vo-dvizenje.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите.
Што покажуваат податоците: Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18.897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени.
-Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1.5 % без образование, 62.129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672.375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263.349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29.654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45.174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.
– Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка, 189.736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19.044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии.
– Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186.570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80.378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93.804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.
– Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525.366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население, односно 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549 лица.
– Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56.701 лице се со средно образование од кои 34.313 се мажи и 22.388 се женисе со средно образование.
– Според дејноста, најмногу вработени, 123.347 лица, има во Преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57,596 се жени.
– Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450.766 лица.
– Бројот на лицата со попреченост изнесува 94.412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе.
– Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.
– Од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63.4 % се населени , а 307.187 станови или 36.6 % се ненаселени.