Над 100 илјади смртни случаи во Јужна Америка од Ковид-19

Повеќе од 100.000 луѓе починале во Јужна Америка откако биле заразени со новиот коронавирус, јавија западни медиуми повикувајќи се на официјални податоци.

Повеќе од 2,1 милиони луѓе се заразени во регионот од почетокот на пандемијата. Најпогодени земји се Бразил, Мексико, Перу и Чиле.

Во Бразил има 1.145.906 заразени и 52.645 смртни случаи. Во Мексико се регистрини 191.410 случаи на заразени, од кои починаа 23.377 луѓе.