Повеќе од сто лица се повредени, а неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер, што денеска го погоди југозападниот дел на Иран.
Седум од повредените 112 лица се пренесени во болница, додека еден постар маж почина од срцев удар, како последица од земјотресот.
Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот го погоди подрачјето на околу 84 километри источно од иранскиот град Ахваз, познато по бројни наоѓалишта на нафта, а епицентарот бил во близина на Масџид Солејман во провинцијата Хузестан, околу 450 километри од Техеран.
Околу 6.000 луѓе живеат во 15 села во близина на епицентарот,.
Планинското подрачје околу градот Масџид Солејман го пребаруваат спасувачките тимови.