Над 130 жртви во поплавите во Судан

Бројот на жртвите во поплавите предизвикани од обилните дождови кои го зафатија Судан се искачи на 136 луѓе, објави во неделата телевизијата Al Jazeera цитирајќи претставници на локалната служба за безбедност.

Според истиот извор, уште најмалку 120 луѓе претрпеле некој вид повреда во областите погодени од невремето.

Пред две седмици Al Jazeera објави дека до 4-ти септември во поплавите животите ги загубиле 112 луѓе, а повеќе од 4.000 домови биле уништени.

Според локалната телевизија Al Hadath, меѓународниот аеродром во суданската престолнина Картум, бил принуден привремено на неколку часа да ги запре сите операции поради лошите временски услови.

Судан од мај е зафатен од поројните дождови, кои поплавија цели градови и принудија стотици илјади луѓе да ги напуштат домовите. Најпогодени од невремето се сојузните држави Нарг ан-Нил, Северен Кардофа, ал-Гезира, Јужен Дарфур и Јужен Кардофан, како и Бел Нил.

Сезоната на дождови во Судан вообичаено трае од мај до септември, и редовно се проследени со поплави и излевања на речните текови. Во поплавите минатата година животите ги загубија 80 луѓе.