Над 15 милиони луѓе во светот оздравеле од Ковид-19

Во светот од заразата со корона вирус оздравеле повеќе од 15 милиони луѓе. Порталот Ворлдометер објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата со Ковид-19, а според последните податоци во светот оздравеле повеќе од 15,5 милиони луѓе, кај кои е утврдено присуство на коронавирусот.

Соединетите Американски Држави со 3.011.098 е земја со најмногу оздравени пациенти кои го победиле Ковид-19, а потоа следат Бразил 2.554.179, Индија 2.038.585, Русија 742.628, Јужна Африка 485.468, Перу 374.019, Мексико 363.307, Чиле 362.440 и Иран 300.881.

Корона вирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија со Ковид-19.

Ширум светот од последиците од заразата со корна вирус починале 784.377 лица, а заразени се повеќе од 22,3 милиони.