Над 1500 угостителски објекти се проектот за собирање селектирано стакло што се рециклира

Стаклениот амбалажен отпад може да биде реупотребен и сите да придонесеме кон поздрава и еколошка животна средина, соопшти компанијата Пакомак, која веќе неколку години го реализира проектот „Are You Recycling“, преку кој се собира селектираното стакло и тоа се рециклира.

Во овој проект, како што посочуваат од Пакомак, се вклучени над 600 угостителски објекти од Скопје и уште над 900 од останатите градови.

Тоа се објекти кои се истакнуваат со висока еколошка свест и кои покажуваат активна грижа за животната средина. Оваа година по својот придонес би ги истакнале скопските ресторани „Дукат” „Скопски мерак”, „Мош” „Еквилибриум”, „Рагуза”, катна гаража, битолскиот ресторан „Ловец”, штипскиот „Мал одмор” и многу други благодарение на чија вклученост во проектот месечно се собираат над 220 тони стаклен амбалажен отпад кој потоа се пренесува во фабриките за рециклирање на стакло. Тоа се количини на стаклен отпад кои предходно завршуваа во депониите кои што имаат ограничен капацитет.