Вкупниот број на земјоделски стопанства во земјава е 170.885, а просечно едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици, покажува структурното истражување за земјоделските стопанства на Државниот завод за статистика, спроведено во период од први до 20-ти јуни минатата година.
Вкупно користеното земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 315.863 хектари, а
од вкупниот број на стопанства, 58,2 отсто користат до еден хектар земјоделско земјиште.
Земјоделските стопанства имаат вкупно 365.868 добиточни единици, додека 56,5 отсто од вкупниот број на
стопанства одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства.
Во земјава просечно има 0,5 трактори по стопанство, од кои поголемиот дел се двоосовински трактори.